Француската компанија Alstom објави дека годинава по прв пат ќе се тестира автоматски надземен товарен вос, кој ќе вози околу 100 км/ч без интервенција на машиновозач. Според информациите кои ги објави компанијата, тестирањето ќе се врши во Холандија во рамките на договорот со холандската железница RRF.
Возот ќе вози од пристаништето во Ротердам до терминалот CUP Valburg во источниот дел од земјата. Систем кој автоматски управува со возот, во кој машина ја презема улогата на машиновозач со негов надзро, веќе е вовведен во некои системи за подземна железница и може да ја намали потрошувачката на енергија затоа што се изедначува возењето на возовите, велат од Alstom.
„Автоматските возови се во планот за иновации во неколку земји“, вели потпретседателот на Alstom за Европа, Џанлука Ербачи.
Alstom веќе воведе систем за автоматско управување со воз на повеќе од 100 лини на метрото од 1970-тите години, а во 2017 година компанијата го воведе системот за автоматизација во Париз на приградската железница RER-A.
Извор: Klix.ba