BtoBet продолжува да инвестира во нова и иновативна технологија за спортско обложување и гејминг, најавувајќи го отворањето на својот нов технолошки хаб со седиште во Охрид.
Центарот ќе им посака добредојде на вработените специјализирани во инженеринг за развој на софтвер, управување со производи, аналитика на податоци, интеграции и процеси за подесување. Лансирањето на новиот хаб за иновации следува по значителните инвестиции, кои BtoBet ги направи за да ги прошири можностите на платформата во пружањето на средина за обложување насочена кон играчите.
Дима Рајдерман, Главен оперативен директор на BtoBet изјави: „Нашиот акцент на дигитални иновации, производи и инженеринг на податоци добро се вклопува со фондот на технолошките таленти во Македонија. BtoBet го одржува својот интензитет на раст и ги донесува најдобрите аспекти на технолошка iGaming компанија во овој возбудлив регион. Центарот ќе помогне да се покрене широк спектар на решенија за спортско обложување, имајќи ги во својата основа врвното машинско учење и техниките за наука на податоци, што ќе пружат искуство на стимулирање на обложувањето“.
Директорот на BtoBet, Зоран Спасов, изјави: „Ова е уште еден чекор во проширувањето на нашиот глобален печат, за да ги ангажираме најдобрите достапни таленти, како што продолжуваме да се развиваме. Македонија брзо станува технолошки хаб во Источна Европа и има водечки софтверски компании во оваа област. Додавањето на Охрид во нашата мрежа на спортски иновативни центри и канцеларии ја истакнува нашата заложба за позиционирање на BtoBet како водечки провајдер на платформи во iGaming индустријата“.
Покрај технолошкиот хаб во Охрид, BtoBet има филијали во Скопје и Битола во Македонија, Италија и Гибралтар.
За BtoBet
BtoBet е мултинационална компанија со 20 годишно искуство во развојот на софтвер во ИТ, телекомуникации, е-трговија и банкарство, силно посветена на технологијата и широко инвестирајќи во технолошките истражувања и развој. BtoBet го презема водечкиот снабдувач на iGaming, Aspire Global во септември 2020 година. Неговата платформа Neuron 3 е усогласена со Велика Британија, Полска, Колумбија, Аргентина, Мексико, Венецуела, Јамајка, Нигерија, Кенија, Руанда, Мадагаскар, Сенегал, Гана, Конго Бразавил , Сиера Леоне, Замбија, Демократска Република Конго, Чад, Мозамбик, Танзанија, Гвинеја, Намибија, Ангола. Платформата за спортско обложување им едостапна на операторите и преку Aspire Global во низа европски јурисдикции, вклучувајќи ги Ирска, Шведска, Португалија, Данска, Малта, Германија, Холандија, Италија и Шпанија. Искуството стекнато во прв план во овие напредни средини, споредено со поновата индустрија за обложување, му овозможува на BtoBet да биде визионер со длабоко разбирање на барањата на пазарот, следејќи ги променливите трендови и предвидувајќи ги потребите на обложувалниците и операторите. BtoBet е вистински технолошки партнер, нудејќи самостојна платформа и услуги за iGaming индустријата и спортско обложување. Смета на многу талентиран, континуирано обучен тим за развој и секојдневна поддршка за управување со клиентите. BtoBet им овозможува на корисниците на лиценцата да бидат единствени на пазарот, пружајќи им можност целосно да ги персонализираат своите понуди за спортско обложување и iGaming бизнисот, мобилни мрежи и малопродажба. Посетете ја нашата веб-страница на: www.btobet.com
Поврзани артикли