Идејата за авиони кои би имале флексибилни или дури крила на склопување постои со години, но главната пречка за реализација досег беше цврстината и флексибилноста на материјалот од кој би биле направени. Изгледа дека NASA го откри правото решение. Тие развија револуционерен материјал кој е компактен, а истовремено е доволно флексибилен за да може да се витка.
Материјалот го нарекоа „легура која го памети обликот“ („shape memory alloy”), а може да се вградува во крилата на авионите и така да ги направи доволно цврсти да го издржат летот, а истовремено доволно еластични за да може да се свиткуваат во текот на летањето, па дури и да се склпат.
„Сакавме да видиме дали можеме да ги движиме крилата во текот на летањето, дали можеме да ги контролираме во која било позиција за да постигнеме максимална аеродинамичност. Сето тоа можеме да го оствариме со оваа технологија“ изјави еден од учесниците во проектот SAW.
Тестовите покажуваат дека авионите опремени со овој материјал можат да ги придвижуваат крилата горе-долу под агол од дури 70 степени. За разлика од претходните материјали и технологии, кои бараа конвенционални мотори и хидраулични системи за поместување на крилата, овој материјал е 80% полесен и покомпактен, што влијае на безбедноста на авионот.
НАСА планира да го користи материјалот, доколку ги помине сите тестови, за патнички авиони, но и за суперсонични авиони во иднина. Пред материјалот да почне да се користи уште годинава ќе се тестира на новите авиони F-18.
Извор: Klix.ba