Со отворањето на границите и олеснувањето на ковид мерките, туристичките дестинации во соседна Грција станаа реалност после повеќе од една година за сите нас. Освен потрагата по добро сместување и исполнување на сите услови за премин преку границата останува грижата и за конекцијата со пријателите или семејството дома. Една од работите што прво ги правите кога сте на граница е да гопроверите дали ви е вклучена опцијата за користење интернет во роаминг.
За корисниците на мобилната пост пејд и при пејд телефонија на А1 Македонија тие времиња се веќе минато бидејќи компанијата ја увиде потребата на своите корисници од интернет комуникација и во странство и ја воведе најновата роаминг понуда која се однесува на Грција и овозможува 10GB во оваа земја.
Сигурно си го поставувате прашањето, што можам со 10GB откако ќе ја минам границата? Според статистиките, со 10GB можете опуштено да гледате кратки видеа, непрекинато да четувате на сите апликации како Messenger, Viber, а секако можете да постирате содржини на Instagram, TikTok, Facebook, но и да бидете онлајн кога сте во движење и користите електронски мапи.
Што се можете да направите со 10GB во Грција:
– Да се сликате и да ги постирате најубавите 5.000 фотографии на социјалниите мрежи
– Да си снимате и да постирате 1500 видеа со должина од 1 минута и со резолуција 640*400 на социјалните мрежи
– Да снимите и постирате 140 видеа на ТикТок
– Да одгледате дури 30 фудбалски натпревари од актуелното Европско фудбалско првенство (UEFA.tv)
– Слободно да си работите каде и да сте и да пратите 100 000 mail – ови со текст подолг од една страна и тежина од 100kB
Пакетот можете да го активирате преку апликацијата Мојот А1 или со едноставно испраќање СМС порака со клучен збор START GR на 140999. Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk
Поврзани артикли