Производителот на медицински помагала во Холандија, Phillips објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распаѓање на пената во ситни токсични честички што може да предизвикаат рак.
Пената се користи за придушување на звукот на уредот и може да се распадне во честички што лесно се вдишуваат и ги иритираат дишните патишта, се вели во соопштението на компанијата.
Пената се распаѓа и формира гасови, кои исто така може да бидат токсични и вклучуваат ризик од рак, се додава во соопштението.
Компанијата ќе повлече помеѓу три и четири милиони респиратори и апарати за помош при дишење во случај на апнеја при спиење, изјави извршниот директор на „Филипс“, Франс ван Хаутен.
„Филипс“ во својот деловен извештај за првиот квартал објави дека издвоил 250 милиони евра за решавање на проблемот, а сега планира да издвои уште 250 милиони.
„Ќе ги искористиме сите наши капацитети и ќе се фокусираме единствено на замена и поправка на овие уреди“, рече Ван Хаутен додавајќи дека за нив, веројатно, ќе треба една година.
Затоа нема да можеме да им служиме на нови клиенти, „така ќе има недостиг во областа“, додаде шефот на холандската компанија.
Поврзани артикли