Кинеската вселенска агенција објави селфи од роверот на Марс, со платформата за слетување во позадина на која е истакната заставата на Кина.
Роверот Zhurong ги сликаше и трагите кои ги остави на Црвената планета, а кинеската вселенска агенција приреди церемонија по повод на објавување на фотографиите.
Zhurong слета на Марс во половината на мај. Во текот на 90 дена треба да собере податоци од планетата.
Станува збор за првата кинеска мисија на Марс.
Кина е втората земја која спушти ровер на Марс, по САД.