HMD Global во април го претстави Nokia C20, а сега компанијата објави дека ќе го објави Nokia C20 Plus на 11 јуни. Компанијата објави и постер со кој се открива дизајнот на телефонот.

Фотографијата покажува на текстурна позадина кај C20 Plus, со две камери во кружен модул. Сензорот за отпечатоци не се наоѓа на задната страна и уредот речиси сигурно нема да има читач на отпечатоци под екранот, така што корисниците ќе мора да се потпрат на лозинките / ПИН-кодовите за да го отклучат телефонот.

На горниот дел од телефонот има приклучок од 3,5 мм, додека на левата страна има слот за СИМ картичка. Копчињата за вклучување и контрола на јачината на звукот ќе бидат лоцирани на десната страна од рамката.

Постерот не го открива предниот дел на телефонот, но може да се очекува дисплеј со засек. Гласините споменуваат батерија од 5000mAh, додека на Geekbench беше забележан модел со чип Unisoc SC9863A и 3 GB RAM меморија, како и Андроид 11 оперативен систем во верзијата Go Edition.