Women in Tech – Глобалното движење е домаќин на втората 24-часовна виртуелна конференција во светот за жени во технологија, на 26-ти мај, 2021 година.
Следејќи го успехот на првото издание што собра над 25 илјади гледачи од повеќе од 100 земји, темата на второто издание е: „Дигитална еднаквост за сите“. Конференцијата ќе започне во 13 часот во Париз (CET) и ќе продолжи со програми без прекин 24 часа во живо на различни локации низ целиот свет. За време на Виртуелната светска турнеја „Women in Tech 24hour“ ќе се вклучат голем број на меѓународни лидери и лидерки кои застапуваат индустрии од АИ до Blockchain, FemTech, Климатски промени, HealthTech, и инклузивност. На овој настан ќе презентираат над 150 говорници: светски лидери од индустријата, владата, академскиот сектор и непрофитниот сектор, заедно на над 30 панели во живо, key-note говори, интимни разговори и работилници, за време на 24-часовeн нон-стоп пренос.
Нашата земја ќе се претстави со панел дискусија на тема за дизајнирање на добри продукти со женски инпут: “Designing great products with female flavour” на 26ти Мај, во Среда од 19-20ч. во живо. Модератор на настанот ќе биде Стефан Митески, додека гости панелисти ќе бидат Катерина Трајчевска – Ко-Основач на Adeva, Горица Тапанџиева – Продукт Менаџер на Nexthing, Елена Андреева – UI Дизајнер во TeamViewer и Моника Ризовска – Проект менаџер во Vitala и Women in Tech Амбасадор. Специјален гостин на овој настан ќе биде Коста Петров, Директор на ФИТР и долгодишен претприемач.
Со над 25.000 членови низ целиот свет, Women in Tech меѓународната организација има двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, каде имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со потребните вештини и самодоверба за да успеат во полињата на СТЕМ кариера. Преку мисијата водена од целите, водена од перформансите, која е тесно усогласена со целите на одржливиот развој на Обединетите нации, ова движење се фокусира на извршување на нашата стратегија со поттикнување на напредок и резултати на четири главни столба: Образование, претприемништво, социјална инклузија, наука и иновација.
За да ги следите сите дискусии, регистрирајте се тука https://lnkd.in/dDNAnrp
За панел настанот на 26. Мај од 19 часот регистрирајте се тука.
Доколку сакате да бидете дел од Women In Tech, приклучете се кон заедницата тука.