Партнерството помеѓу McLaren и производителот на часовници Ричард Мил резултира со нов скап часовник.
Станува збор за моделот RM 40-01 Automatic Turbilon McLaren Speedtail, чија цена е нешто повеќе од 821.000 евра. Познато е дека цената на хиперавтомобилот на Мекларен е повеќе од 2,25 милиони долари, без дополнителни опции и персонализација, па не е ни чудо што некои копии се продаваат за повеќе од 3 милиони долари.
Дизајнот на часовникот е инспириран од моделот на возилото McLaren Speedtail, односно некои делови од неговото тело.
„Кога станува збор за RM 40-01, зедовме предвид некои од карактеристиките на автомобилот и филозофијата што стои зад него. Така, часовникот следи многу детали на Speedtail кога станува збор за неговиот бескомпромисен дизајн и материјали“, рече Роб Мелвил, директор на McLaren дизајнот.
„Часовникот го одликува едно од највисоките нивоа на завршна обработка што некогаш е направено во Ричард Мил. Исклучително внимание е посветено на деталите, а самиот механизам е направен од 69 делови”, изјави техничкиот директор на компанијата, Ричард Мил.
Компанијата анализираше пет прототипи за да дојде до најдобриот дизајн. Ќе бидат произведени само 106 примероци за да одговара на бројот на модели на Speedtail, кои McLaren има намера да ги произведе.
Извор: Klix.ba