BMW Group објави дека во годината зад нас оствариле рекордна продажба на возила, дури 2,08 милиони примероци од нивните модели. Во извештајот беа вброени автомобилите на BMW, Mini, Rolls Royce и BMW Motorrad.
Во текот на целата 2017 година BMW успеа да продаде 2.088283 возила, што е зголемување од 4,2% во однос на 2016 година.
Меѓутоа, бројката на продадени автомобили е значително помала во однос на продажбата која ја оствари Mercedes-Benz, бидејќи овој германски гигант продаде 2.289.344 возила и забележи зголемување на продажбата од 9,9% во однос на претходната година. Овие податоци велат дека Mercedes-Benz е најпродаваниот премиум-бренд во светот.
Во извештајот пишува дека моделите од Х сегментот на BMW најмногу придонеле за порастот на продажбата, бидејќи нивната продажба доживеала пораст од 9,6% во однос на 2016.
Вториот најголем бренд во BMW Group, Mini, постави рекорд во историјата на компанијата во 2017, откако на потрошувачите им испорача 371.881 автомобил. Mini забележа пораст на продажбата од 3,2% во однос на 2016 година. Моделот Countryman е оној кој котираше најдобро кога е во прашање порастот на продажба, и од овој модел беа продадени 84.441 возила.
Rolls Royce е единствениот кој забележа пад на продажбата. На купувачите им беа доставени вкупно 3.362 автомобили во 60 земји низ светот, и тоа претставува пад од 16,2% во однос на 2016.
Извор: Klix.ba