Големо внимание во светот на ИТ предизвика информацијата за тоа дека Северна Кореја создава сопствени компјутери. Гледачите на државната телевизија можеа да видат прилог за тоа како во една фабрика се склопуваат три модели на компјутери. За разлика од софистицираниот производен процес во соседна Кина, на телевизија е прикажано како севернокорејските PC модели ги склопуваат осум работници на импровизирана производна лента, додека вградуваат тастатури и ги проверуваат шарките на еден лаптоп компјутер.
Спецификациите говорат за тоа дека всушност се работи на нетбук модели со батерија која трае 2,5 часа и ги покренува севернокорејската дистрибуција на Linux оперативниот систем под името Red Star. Покрај со оперативен систем, овие компјутери пристигнуваат со веб-прелистувач и два USB порта. Спикерот на државната телевизија посебно го нагласи фактот дека главните делови на компјутерот и софтверот се развиени со користење на сопствена експертиза.
Целта на овој проект, според зборовите на севернокорејските институции е „Корејскиот компјутерски центар“ во следните неколку години да се избори за својата позиција на пазарот на Linux системи и апликативен софтвер, како и напредни технолошки услуги.