Списокот на симптоми на Ковид-19 е прилично долг, но лицата кои имаат типични симптоми заболуваат во првите неколку дена од почетокот на инфекцијата.
Почетните денови на зараза можат да бидат збунувачки особено затоа што некои имаат само благи симптоми, а кај некои воопшто не се манифестираат никакви симптоми. Сепак, само помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата може да се утврди вистинската сериозност на болеста.
Експертите наведуваат дека токму во овој период може да се утврди дали пациентот ќе доживее некои компликации како резултат на коронавирусот. Кога ќе се детектира Ковид-19 кај некоја личност, една од првите работи што треба да се направат е да се бараат симптоми и бројот на денови кога лицето имало симптоми.
Се претпоставува дека повеќето луѓе почнуваат да развиваат симптоми 2-3 дена откако вирусот ќе се инкубира во телото. Првата фаза е обично вирусна реакција, а во втората фаза имунолошкиот систем започнува акција. Иако имунолошкиот систем произведува антитела, може да дојде до прекумерна стимулација на организмот и влошување на состојбата кај пациентот, а тоа обично се случува околу шестиот или седмиот ден од инфекцијата. Тоа е времето кога започнува вистинската битка против коронавирусот кај многу луѓе. Во период помеѓу петтиот и десеттиот ден, може да дојде до „втор бран“ на симптоми кои можат да биде посериозни.
Колку долго трае закрепнувањето?
Кај повеќето луѓе, закрепнувањето трае околу една недела до 10 дена. По овој период, симптомите почнуваат да исчезнуваат и лицето почнува да закрепнува. Ова воглавно важи за луѓето кои имаат лесен или умерен облик на инфекција.
Меѓутоа, кај лицата со потежок случај на Ковид-19, проблемите можат да започнат од петтиот до десеттиот ден од инфекцијата. Лекарите наведуваат дека ваквите пациенти најпрвин можат да почувствуваат подобрување, по што се јавува втор бран на симптоми. Експертите бараат од пациентите да ги пријават симптомите и здравствената состојба само една недела по дијагностицирањето бидејќи само тогаш можат да проценат дали некое лице ќе има лесен или тежок случај на коронавирус.
Најголемите компликации и влошувања на симптомите најчесто се јавуваат кај луѓе кои веќе имаат некои постоечки здравствени проблеми или се постари. Во некои случаи, помладите лица кои можат да доживеат компликации, може да забележат влошување на симптомите по 12-14 дена.
Кои проблеми може да се појават по една недела изолација?
Иако симптомите како што се болки во телото, замор, исцрпеност и кашлица може да траат долго време, пациентите може да очекуваат влошување на респираторните симптоми – отежнато дишење, болка во градите, непријатност, тежина. Можат да бидат присутни и симптоми како збунетост и делириум.
Треба да се обрне внимание и на телесната температура. Ако температурата не опадне до деветтиот или десеттиот ден од инфекцијата, тоа може да укаже на воспаление на белите дробови или инфекција на крвта.
Иако не секој пациент може да има ист развој на симптоми, важно е да го слушате сопственото тело и да ги преземете потребните чекори. Ако сте во домашна изолација, контактирајте го вашиот лекар кој ќе ви објасни кога е време да одите во болница и на што треба да обрнете внимание, пишува „E-Times“.