Аналитичарите почнаа да предвидуваат значителен раст на пазарот на PC гејминг уредите. Гејминг компјутерите, лаптопите и мониторите би требало до 2025. година да достигнат испорака од 73 милиони.
Оваа проекција претставува раст од 30 проценти во период од пет години, а го вклучува и годинашниот раст, што сам по себе е веќе значаен. Според извештајот, гејминг ориентираните PC уреди ќе имаат 17,5 милиони дистрибуирани примероци.
За лаптопите се предвидува уште поголем раст. Оваа година би требало да бидат продадени четири милиони повеќе лаптопи, а до 2025 година тој број треба да изнесува 33,7 милиони. Тоа ќе претставува раст од 40 проценти, само за пазарот на лаптопи.
Пропорционално гледано, пазарот на гејминг монитори би требало да забележи најголем раст. Во текот на овие години се очекува зголемување од 64 проценти на бројот на продадени гејминг монитори, со зголемување од 14,3 милиони од 2020 година на 23,5 милиони во 2025 година.
Потребно е да се истакне дека овие прогнози за движењето на PC гејминг пазарот се зановани на актуелните трендови, кои ја вклучуваат и пандемијата со Ковид-19, што значи дека целосната светска сцена може да се промени во следните години. Извори на овие информации за аналитичките компании Statista и IDC.