Водечката ICT компанија Aitonix и Acronis, глобалниот лидер во сајбер-заштита ја објавија официјално својата соработка и потпишувањето на договор за дистрибуција во неколку земји од регионот – Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија (за сите производи и услуги од портфолиото на Acronis) и Бугарија (за cloud услуги). Партнерството меѓу двете компании има за цел да го зајакне присуството на Acronis на ICT пазарите во овие земји и да ја зголеми свеста за брендот и пазарниот удел преку дилерската мрежа и успешниот систем на работа на Aitonix.
Како пионер во новата IT дисциплина за сајбер-заштита која ги интегрира сајбер-безбедноста и заштитата на податоците во едно за борба против современите закани, Acronis постојано истражува и инвестира во нови технологии и развива иновативни решенија кои им овозможуваат на партнерите да им обезбедат на клиентите најдобра заштита за податоци, апликации и системи. Решенијата за сајбер-заштита од Acronis се однесуваат на безбедноста, пристапноста, приватноста, автентичноста и безбедносните предизвици со кои се соочуваат денешните организации – без разлика дали се потпираат на физичка, виртуелна или cloud средина. Со својата уникатна интеграција, иновативна платформа и најнова генерација на технологии, решенијата на компанијата го подобруваат времето за опоравување од непогоди и ја зајакнуваат позицијата на компанијата во однос на сајбер-безбедноста, истовремено намалувајќи ја комплексноста, рационализирајќи го менаџментот и намалувајќи ги трошоците.
“Со ова партнерство го прошируваме нашето портфолио со иновативни решенија за сајбер-заштита кои сега се поважни од било кога. Новонастанатите услови и работењето од дома ја зголемија размената на чувстствителни податоци преку Интернет, наметнувајќи потреба за сеопфатна сајбер-заштита. Нашата цел е да понудиме на пазарот иновативни технологии и комплетни решенија кои ќе осигураат целосна заштита од сајбер-напади.” изјави г-динот Јордан Димитровски, генерален извршен директор на Aitonix.
Иван Дудин, регионален директор за продажба, Балкан, Турција, ЗНД и Медитеранот во Acronis додаде: „Партнерите се основата на нашиот бизнис. Ние се трудиме да бидеме не само нивен снабдувач, туку вистински партнер инвестиран во нивниот успех. Нашата модерна програма обезбедува технологија и алатки за справување со заканите што постојано се развиваат и давање вистинска можност на парнерите да бидат поуспешни“.