Се очекува дека Redmi до крајот на април ќе го претстави својот гејминг телефон, а според извори од Кина, првиот ваков модел ќе има Samsung E4 AMOLED екран со брзина на освежување од 144Hz.
Кога станува збор за интерниот хардвер, телефонот ќе го покренува Dimensity 1200 чипсет и ќе има батерија од 5000mAh, со поддршка за 67W брзо полнење.
Гејминг функциите на смартфонот ќе се состојат од еден вид копчиња на страните, кои Redmi ќе ги позајми од Black Shark дивизијата. Black Shark е исто така бренд на Xiaomi.
Беше спомената и цената на уредот, која изнесува околу 305 долари. Се очекува дека цената на телефонот за глобалниот пазар да биде многу агресивна во однос на конкуренцијата.