Во текот на изминатите недели се појавија два монитори на кинеските малопродажни сајтови, на кои е наведено логото „DisplayHDR 2000“. Претпоставка беше дека од VESA HDR програмата за сертификација е додадено повисоко HDR ниво, но се испостави дека ова лого е лажно.
Во официјалната објава, VESA потврдува дека „DisplayHDR 2000“ сертификацијата сè уште не постои и дека DisplayHDR 1000 и натаму е највисоко достапно ниво. Логото кое се користи за рекламирање на овие монитори во малопродажба, е исто така лажно.
VESA јавно ги наведува сите свои сертификувани монитори, а во овој момент унапредениот Samsung Odyssey G9 и 49-инчниот Acer Mini LED монитор не се на листата на сертификувани со DisplayHDR 2000 поддршка, бидејќи оваа сертификација не постои.
Поврзани артикли