Компанијата „HTC“ планира да направи сосема нова генерација паметни светилки „поинтелигентни“ и корисни од сегашните. Новата сијалица од „HTC“ би можела да биде доволно паметна за да спаси човечки живот.
Паметната светилка со помош на сензорите што ги користи и технологијата што ги следи активностите на корисникот може да открие кога некое лице се лизне и падне, што најчесто се случува во бањата.
Овие светилки ќе можат да детектираат и ако лицето предолго седи во просторијата и да контактира со некој за помош.
Во моментов „супер паметната“ сијалица сè уште е во фазa на патентирање, но ова покажува дека HTC планира да ја користи „Vive“ технологијата и во други области кои би можеле да помогнат за промена на домот за да во иднина стане најбезбедно место за живеење.