Вашиот рутер би требало да има светилки што светат додека интернет-сообраќајот е активен. Изгасете ги сите ваши уреди приклучени на интернет и погледнете дали има активност. Ако има, можно е некој неовластено да се приклучил на вашата „вај-фај“ мрежа.
Секој безжичен рутер има управувачка плоча со попис на уредите поврзани на вашата „вај-фај“ мрежа. За пристап ви е потребна IP-адреса од вашиот компјутер. Во „Windows“ притиснете на „Win“ и „R“ заедно и во прозорецот напишете „ipconfig“, па побарајте број со „Default Gateway“. На компјутерите „Mac“ отворете „Network Preference“ и „Router“. Внесете ја IP-адресата. За пристап ви се потребни корисничко име и лозинка. Ќе го пронајдете името на уредот и IP и MAC-адресите. Проверете дали има натрапник.
Ова може да се провери и со софтверски алатки. „Who Is On My WiFi“, на пример, ќе ве предупреди кога ќе открие сомнително приклучување. За „Angry IP Scanner“ не е важно дали користите „Windows“, „MacOS“ или „Linux“ за да ви покаже кој е приклучен на вашата мрежа, а за скенирање на мрежата ќе послужи и „Wireless Network Watcher“.
Избегнувајте ги сигурносните протоколи „WEP“ и „WPA“, па подобро е да користите „WPA2“ („WPA2-AES“ по можност). Доколку баш морате да користите постар и помалку сигурен протокол, направете посебна мрежа за уредите што ќе го користат. Променете ја лозинката за пристап на управувачката плоча на вашиот рутер. Променете ја лозинката за пристап на вашата „вај-фај“ мрежа и не кажувајте ја на сите.