Тим од научници, меѓу кои има и еден хрватски експерт, се на прагот да излечат еден од најстрашните тумори на денешницата.
Професорот од одделението за биохемија и медицинска генетика на Универзитетот во Торонто, Др. Игор Штагљар, на емисијата “Во свој филм” на HTV изјавил дека со својот тим дошол на чекор од лечење на рак на белите дробови, пишува Jutarnji List.
“Дојдовме до тој стадиум лекот да биде подготвен за употреба и почнуваме да го применуваме и во Хрватска. Соработуваме со КБЦ Јордановац и многу брзо ќе почнеме со истражувања во Канада, но и во Хрватска”, рекол Штагљар.
Патот до ваквото откритие трае 8-10 години, меѓутоа во неговиот случај траел пет години.
“Применивме нова технологија која ја развивме пред 3-4 години и со која сега можеме да проучуваме 500-тина различни човечки болести. Таа технологија е на некој начин светско чудо, кое наскоро ќе се применува не само за пронаоѓање на лек против рак на белите дробови, туку во мојата лабораторија проучуваме и лекови против рак на панкреас, простата и дојка”, рекол тој.
Штагљар истакнал дека за таа технологија добил и награда од 3,25 милиони долари. Тие ми беа доволно да ја развијам технологијата до ниво за кое може да кажеме дека за неколку години ќе имаме лекови против многу карциноми.
Меѓутоа, тој рекол дека туморите нема никогаш да успееме да ги победиме.
“Туморите се болест на минатото, сегашноста и иднината. Можеби еден ден ќе ги разбереме на молекуларно ниво, но нема никогаш да ги победиме. Туморите се многу паметни, тие еволуираат. Кога ги третираме со одредени лекови, стануваат резистентни. Секогаш мора да бидеме подготвени да имаме баталјон нови лекови кои ќе можеме да ги произведеме откако ќе се откријат мутации кај пациентите. Суштината на целото истражување на туморот е да успееме во наредните 20-30 години да ги третираме како хронични болести”.
Вели и дека гените имаат мало влијание на развојот на ракот.
“Тоа е само 9 проценти. Останатите 91 процент доаѓаат од околината. 40 проценти од сите карциноми може да се спречат ако се внимава на исхраната, на изложеноста на вируси и бактерии, и ако не се пуши”, нагласил Штагљар за HTV.
Извор: Blic.rs
Поврзани артикли