Болеста од коронавирус го зголемува ризикот од смрт кај луѓето хоспитализирани од мозочен удар, покажа новото американско истражување.
Пациентите со Ковид-19 имаат поголема веројатност да имаат сериозен мозочен удар, како и нов мозочен удар за време на хоспитализација, стои во најновото истражување.
Биле проучувани околу 42.000 пациенти сместени во 458 болници со исхемичен мозочен удар, предизвикан од блокада на артериите кои го снабдуваат мозокот со крв.
Околу три проценти од овие пациенти биле позитивни на Ковид-19.
„Во просек, тие пристигнаа во болницата исто толку брзо како и пациентите кои не развија Ковид-19. Но потоа ситуацијата за инфицираните со коронавирус ќе забавеше“, велат експертите.
Студијата сè уште не може да докаже дека одложената терапија предизвикало послаб исход кај пациентите со Ковид-19.
Наодите сугерираат дека има потреба од дополнително зајакнување на протоколот за лица погодени од мозочен удар за да се обезбеди навремено дијагностицирање и навремен третман на лица со исхемичен мозочен удар, истовремено заштитувајќи го здравствениот персонал од изложеност на коронавирус.