Ако сакаа да видат што навистина се наоѓа во внатрешноста на саркофаг од папирус, историчарите до сега мораа физички да го оштетат. За среќа, научници од Универзитетски колеџ во Лондон, пронашле начин да прочитаат натпис без уништување на гробниците.

Овој процес во голема мерка потсетува на читање на затворени книги. Се покажало дека скенирањето на саркофаг од папирус преку светлосни снопови со различни фреквенции, доведува до сјаење на мастилата со кои се нанесени овие натписи, што значи дека не е потребно да се уништуваат слоевите на паста и гипс во саркофагот, кои обично го прекриваат текстот.

Иако поголемиот дел од пронајдените натписи не претставуваат никакво спектакуларно откритие (најчесто станува збор за пријави за даночни затајувања), научниците наведуваат дека новиот систем нуди драгоцен увид во историјата на древен Египет, која не е поврзана со владејачката лоза и други познати личности.

Новата техника веќе се покажала како корисно средство, при скенирање на мумии во Кент во Велика Британија.

Иако се уште не е познато колку ќе стане широко прифатена, научниците ја сметаат за исклучително благородно средство за проучување на историјата.

Извор: B92.net