Истражувањето на епидемиолозите, вирусолозите и на експертите за заразни болести предупредува дека светот има помалку од една година пред постојните вакцини да станат неефикасни во борбата против Ковид-19.
„Алијансата за народни вакцини“ спроведе студија во која учествуваа 77 научници од 28 земји, а нивниот заеднички став е накратко дека „нашето време истекува бидејќи, ако светот не се вакцинира, ќе се појават такви видови вируси, па постојните вакцини нема да бидат ефикасни“.
Blocking of access to vaccine manufacturing will backfire
Two-thirds of epidemiologists warn mutations could render current COVID vaccines ineffective in a year or less
New survey from People's Vaccine Alliance shows urgency of vaccinating all countries https://t.co/3PWyuAQfIO
— Mohamed Hussein (@MansaMusaDK) March 30, 2021
Според експертите, веројатно остануваат уште девет месеци или помалку до појавата на овие нови мутации кај Ковид-19 отпорни на вакцините. И, како што е наведено понатаму, овие соеви ќе потекнуваат од оние земји што се слабо опремени со вакцини.
„Нови мутации се случуваат секој ден, понекогаш посилни од претходните верзии. Новите соеви може полесно да се шират и да бидат отпорни на вакцината. Ако не го вакцинираме целиот свет, оставаме простор за сѐ повеќе и повеќе мутации што би можеле да ја надминат моќта на нашите сегашни вакцини и потребни ни се посилни вакцини за да ги уништиме“, рече Грег Гонсалвес од Универзитетот „Јејл“.
Побогатите земји, како Велика Британија и САД, веќе почнаа со масовна имунизација и им дадоа барем една доза од вакцината на четвртина од својата популација. Покрај тоа, тие обезбедија стотици милиони дози резерви. Од друга страна, земји како Јужна Африка и Тајланд, не вакцинираа ниту 1 процент од населението.