Неверојатните климатски промени кои што се случуваат на цела планета, сериозно ги загрижуваат научниците.
Националниот центар за климатски истражувања во Мелбурн, по новите истражувања донел заклучок дека климатските промени на нашата планета се случуваат со голема брзина и дека температурата во пoследните 30 години нагло се зголемила, а тоа довело до сериозни температурни промени, пренесува „Nature Geoscience“.
Научниците претпоставуваат дека земјата ќе се загрее за дополнителни 2 степени Целзиусови во наредните 30 години.
Можеби ова не звучи како некоја голема опасност, но научниците велат дека тие 2 степени Целзиусови ќе бидат доволни да го уништат целото човештво…
Таквата промена би довела до забрзано топење на мразот на половите, драстично зголемување на нивото на водите и исчезнување на крајбрежјата какви што денес ги познаваме.
Исто така климата целосно би била поразлична од оваа денес, а би имале и помоќни невремиња со силни ветрови.
Целиот климатски баланс на планетата ќе се наруши доколу моментално не престане да се загадува планетата со јаглерод диоксид. Тоа значи дека итно мора да се премине на чисти изори на енергија и дека мора да се занемарат фосилните горива кои што најмногу ја загадуваат нашата планета.
Јаглеродниот диоксид во последните 50 години неверојатно е во пораст и создава моќен ефект на стаклена градина кој што дополнително ја загрева нашата планета.
Научнциите тврдат дека за 30 години човештвото едноставно нема да може да опстане доколку се продолжи со ваквото темпо затоа што условите на планетата Земја ќе бидат премногу сурови за човекот.
Животот на Земјата би опстанал во вид на растенија и посилните животни кои што ќе можат да поднесат такви климатски промени, но огромен број од животинските видови исто така би исчезнале заедно со човекот.
Значи, останува да видиме што општеството ќе преземе и ќе направи за на крајот самото себе да си пресуди…
Погледнете како температурата на Земјата се менувала во период од 1880 до 2017 година:
Поврзани артикли