Неколку нискобуџетни авиокомпании побараа од Европската комисија да ги разгледа плановите според кои еколошко гориво ќе се користи на сите летови.
Авиокомпаниите кои не се конкуренти на пазарот на долги релации ИзиЏет, Рајанер, Визер, Џет2 и невладината организација Транспорт и животна средина (Transport & Environment), во заедничко писмо ја повикуваат ЕУ да примени квоти за еколошко гориво (САФ) не само за летови во Европа, туку и за летови на долги релации. Исклучувањето на долгите патувања од квотата на САФ би значело дека тој сегмент од секторот, на кој му е потребна декарбонизација, воопшто нема да биде предмет на ова барање, се вели во писмото.
Авиокомпаниите забележуваат дека според Европската организација за воздушна безбедност Еуроконтрол, шест проценти од летовите од европските аеродроми со должина на лет повеќе од 4.000 километри сочинуваат половина од вкупните емисии на јаглерод диоксид од летовите од Европа.
– Нема никаква логика долгите летови да бидат исклучок од условот за употреба на САФ, бидејќи тоа е единствениот можен начин за нивна декарбонизација, изјави извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири.
Употребата на еколошко безопасно гориво е „единствената краткорочна опција за ограничување на емисиите на јаглерод диоксид на долги летови“, се вели во писмото.
Што се однесува до летовите со кратки релации, САФ е привремено решение сè додека не се појават авиони на водород по 2030 година.
Поврзани артикли