Животот на 32-битните оперативни системи е дојден пред самиот крај, а Nvidia ќе биде една од компаниите кои придонесат ова да стане реалност.
Од компанијата објавија дека верзијата 390 од нејзините драјвери за видео картички ќе биде последна, која ќе го поддржува овој вид платформи.
Решението се однесува и на 32-битниот Windows и на истите верзии на Linux и FreeBSD.
Па така доколку сѐ уште користите 32-битен оперативен систем и се потпирате на NVIDIA картичка, веројатно е време да се размислува за надградба.
Ова не е изненадување само по себе, бидејќи 64-битните оперативни системи се сега стандардни. Сепак, некои корисници и организации сѐ уште користат застарени верзии, бидејќи понекогаш имаат 16 и 32 битни апликации кои не се поддржани од 64 битнисистеми.
Се разбира, користењето стари платформи обично значи дека тие се помалку безбедни и ранливи на малициозен софтвер. Рансомверот WannaCry ја искористи оваа ситуација да ја погоди мрежата на Националната здравствена служба на Велика Британија претходно оваа година.