Државниот институт за пензиско и социјално осигурување, пред 8. март објавил статистички податоци кои покажуваат дека жените се многу повеќе погодени од пандемијата на Ковид-19, отколку мажите.
Од вкупно 147.000 пријавени случаи на боледување кои ги добил Институтот до 31. декември минатата година, 70 проценти биле жени кои се заразиле на работното место.
Овој податок е спротивен на фактот дека во несреќи на работно место, веќе со години, големо мнозинство сочинуваат мажите.
Професионално најмногу заразени на работно место имало меѓу медицинско-санитарниот персонал, а меѓу нив на прво место, со 87 проценти, се медицинските сестри.
Следат жените физиотерапевти, помошниот перснал во здравствените установи, а 6 проценти од пријавените случаи на боледување биле жени лекари.
Медицинските сестри, како професија, биле најбројни жртви, односно тие сочинуваат 70 проценти од вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19. Просечната возраст на жртвите е 46 години.
Институтот за социјално осигурување дал и објаснување како да се постапува кон медицинскиот персонал кој одбива да се вакцинира, а после тоа се заразува со Ковид-19.
Во такви случаи на работникот му се признава правото на боледување, но не и можноста да наплати отштета поради тоа што се заразил на работно место.