Ракетата „Сојуз 2“ со товарниот брод „Прогрес МС-16“ вчера беше лансирана од космодромот Бајконур.
Ова е второ лансирање на руска ракета годинава и прво од космодромот Бајконур. Бродот носи залихи на руска храна и лепенки за пукнатините на Меѓународната вселенска станица.
„Прогрес“ ќе патува до МВС два дена, а неговото слетување на модулот „Пирс“ се очекува на 17 февруари.
Бродот треба да испорача скоро 2,5 тони товар, вклучувајќи 600 килограми гориво за дополнување на МВС, 420 литри вода за пиење и околу 1.400 килограми разновидна опрема и материјали, вклучително и опрема за контрола на бродот и системи за одржување на живот, производи за медицинска контрола и хигиена, облека и пакети за експерименти во вселената.
Извор: Novosti.rs