Тим научници, вклучувајќи го и сопственикот на компанијата „Вирџин“, милијардерот Ричард Бренсон, се вратил на својата важна мисија од дното на Големата сина дупка во Белизе, пред 2 години.
Сината дупка е најголемиот светски залив, со пречник од 300 метри и длабочина од 125 метри. Во тимот бил и Фабиен Кусто, внук на популарниот француски подводен истражувач Жак Кусто кој што во 1971 година ја открил Сината дупка.
Експедицијата започнала во декември 2018 година, а планот бил да се открие што точно се наоѓа на дното од дупката.
„Направивме целосна сонарна мапа од 360 степени. Изгледа навистина ‘кул’, сонарот ја скенираше целата дупка од 300 метри“, изјавила Ерика Бергман, пилот, океанограф и оперативен менаџер на мисијата.
Бергман вели дека меѓу највозбудливите откритија се минералните формации во облик на глечер на длабочина од околу 120 метри и дека истите се во близина на дното.
„Беше многу возбудливо затоа што досега не се знаеше дека тие постојат“.
Воодушевување од нуркање во мрачните длабочини: „Една од најлудите работи во дупката е слојот на сулфурводород. Во него исчезнува карипското сонце и сè станува целосно темно. Таму воопшто нема кислород и нема живот“.
Благодарение на високата резолуција на сонарот, научниците можеле да видат што содржи дупката.
„На оддалеченост од 20 до 30 метри од сталактитот или ѕидот на дупката, сите детали можеа да се видат совршено“, вели Ерика Бергман.
Logs from a majestic pit of acid: Diving Belize's Blue Hole with Erika Bergman. https://t.co/rKFBtqvzep via @SFriedScience
— Erika Bergman (@erika_bergman) February 5, 2019
Интересно е што тимот не можел да идентификува сè што пронашол. Некои од работите кои ги нашле на дното од дупката сè уште не се идентификувани, а Бергман вели дека истите „остануваат отворени за толкување“.
Истражувачите биле многу задоволни што откриле дека Сината дупка е чиста.
„Пронајдовме само две или три мали парчиња пластика“, изјавила Бергман.
A team of scientists and explorers have mapped the 410-foot-deep Great Blue Hole in Belize for the first time https://t.co/w7MCsepFXo pic.twitter.com/D2dvZ4s4KI
— CNN (@CNN) February 17, 2019
„Убаво е тоа што на нашата планета постојат такви простори. Поголемиот дел од нив се во океаните, а илјадници години останале речиси недопрени“, објасниле научниците.
Извор: Alo.rs