Wizz Air, најбрзо растечката и најзелената авиокомпанија во Европа, денес најави дека ќе им нуди на патниците осигурување за Ковид-19 како дел од нејзината понуда за патничко осигурување, која е достапна на wizzair.com преку партнерството на авиокомпанија со осигурителната компанија Chubb.
Патниците на Wizz Air можат да купат патничко осигурување кое сега вклучува и откажување на летовите поради причини поврзани со КОВИД-19 и медицински трошоци при патувањето во странство. На пример, доколку се заразите со КОВИД-19 на вашето патување и имате дополнителни трошоци за продолжување на вашиот престој, или медицински трошоци додека сте болни, Wizz Air патничкото осигурување ќе ги покрие овие трошоци (се применува максимален лимит). Можеби морате да го откажете вашето патување бидејќи сте се заразиле со Ковид-19 пред патувањето? Wizz Air патничкото осигурување е тука да ве заштити.
Патничкото осигурување на Wizz Air исто така покрива изгубен, украден или уништен багаж како и пропуштен лет.
Се применуваат правила, услови и исклучоци.
Покрај патничко осигурување, Wizz Air нуди и самостојно покритие за откажување во одредени земји. И покритието за откажување и патничкото осигурување може да се купат за време на процесот на резервација на летот на веб-страницата или апликацијата на Wizz Air – и се достапни и за билетите во еден правец и за повратните билети. Целосните правила и услови може да ги најдете тука.
Andras Rado, Сениор менаџер за корпоративни комуникации изјави: „Во WIZZ, ние сме посветени на оптимизирање на искуството за патување, без разлика дали тоа е процес на резервација, услуга за време на летот, или нудење дополнителни услуги што го прават патувањето поудобно и непречено. Со нашиот ажуриран пакет за патничко осигурување, патниците можат да бидат сигурни дека се подготвени и покриени во случај на нарушувања предизвикани од КОВИД-19 на нивното патување“