Руската вакцина Спутник V е речиси 100 проценти ефикасна во развивањето на клеточен имунитет од Ковид-19, изјави Дарја Јегорова, научен соработник во лабораторијата за генетско инженерство за патогени микроорганизми во Центарот „Гамалеј“.
Јегорова прецизираше дека имунолошката ефикасност се однесува и на клеточниот и хуморалниот имунолошки одговор на организмите.
„Кога станува збор за хуморалниот имунолошки одговор, ефикасноста на вакцината надминува 98 проценти, а во однос на клеточниот имунитет ефикасноста има тенденција да биде 100 проценти“, истакна Јегорова.
Јегорова додаде дека прелиминарната анализа на резултатите од третата фаза на испитувањето покажува дека епидемиолошката ефикасност на вакцината е поголема од 91 процент.
Според неа, во текот на истражувањата не се забележани посериозни несакани ефекти на вакцината Спутник V.
Јегорова изјави дека досега сo вакцината Спутник V, надвор од клиничките испитувања, се вакцинирани повеќе од два милиона Руси.