Поголемиот дел од оние кои се тестирале на коронавирус би можеле да го опишат своето искуство со провлекување стапче низ ноздрите – непријатно. Не е страшно или болно, но секако е прилично непријатно. Освен преку нос, брис може да се земе и со ставање стапче во грло, но овој начин на земање брис не се практикува често.
Ако мислите дека ваквот начин на земање брис е непријатен, размислете два пати, бидејќи постои уште една алтернатива и сигурни сме дека навистина нема да ви се допадне. Станува збор за земање анални брисеви што веќе некое време се користат во Кина, а сега почнаа масовно да се користат и во Пекинг за откривање и спречување на нови жаришта и со цел коронавирусот повторно да не излезе од контрола.
Овој начин на земање брисеви, освен што не е пријатен, се чини дека е и малку контроверзен. Имено, додека некои експерти веруваат дека шансите за откривање на SARS-CoV-2 вирусот во телото се поголеми ако се тестираат со земање анални брисеви, други како Yang Zhanqiu од Одделот за биологија во болницата во Вухан не го делат ова мислење и сметаат дека брисевите направени преку ноздрите и грлото се попрецизни и даваат поточни резултати.
Ни струката, се чини, не јасна околу тоа што е вистина, а што не, или кои резултати се попрецизни, но додека оние не се договорат, тестирањето за коронавирусот во Кина и натаму ќе се извршува со земање анални брисеви. За тестирање се користи памучно стапче, кој се става во ректумот 2 или 3 сантиметри и неколку пати се ротира. Процесот трае околу десет секунди, а оние што го поминале низ го опишуваат како – силно понижување.
Се надеваме дека кај нас никој нема ни да помисли да се обиде да го примени кинескиот модел на анално тестирање, по што земањето примероци со провлекување на стапче низ ноздрите повеќе не изгледа толку страшно.