Шпанската фармацевтска компанија „Фрамамар“ соопшти дека е објавен преглед во стручното списание „Наука“, со кое се потврдува дека лекот Плитипепсин може да биде „потенцијално ефикасен“ во претклиничкиот третман на Ковид-19.
Врз основа на научно истражување спроведено во Њујорк, Сан Франциско и Париз, откриено е дека лекот помогнал да се намали ширењето на вирусот во телото на инфицирани животни и да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови на животните третирани со Плитидепсин.
По денешното отворање на берзите, вредноста на акциите на Фармамар скокна за 13%, на 98,5 евра, пренесува Ројтерс.