Невското проектно-конструкторско биро работи на проектирање аеродроми за арктичкиот регион.
Се проектираат архитектонско-конструктивни форми на пловечки аеродроми и острови, пишува агенцијата ТАСС повикувајќи се на материјалите на Невското ПКБ посветени на 90-годишнината на претпријатието. Овие платформи ќе обезбедат функционирање на воената, спасувачката и транспортната авијација на Арктикот, како и извршување на другите задачи на Министерството за одбрана на РФ и индустријализација на новите наоѓалишта на гас.
Благодарение на пловечките аеродроми авијацијата ќе може да функционира над Поларниот круг независно од временските услови, затоа што платформите ќе парираат на надолжното и попречното лулање на за време на полетувањето и слетувањето, истакнуваат од проектно-конструкторското биро.
Невското ПКБ е единственото претпријатие во Русија кое проектира носачи на авиони и вежбовни системи за нив. Тука се проектирани советските носачи на авиони од класата „Кондор“, „Киев“ и „Кречет“, како и тешкиот крстосувач-носач на авиони „Адмирал Кузнецов“.