Договорот помеѓу американската технолошка компанија Apple за преземање на апликацијата за препознавање мелодии и песни Шазам наводно веќе е потпишан, објави сајтот за технолошки новости TechCrunch. Информацијата за самото преземање треба да биде објавена денеска.
TechCrunch, повикувајќи се на анонимни извори, наведува дека купопродажбата би можела да чини околу 400 милиони долари, иако вредноста на Shazam е проценета на над една милијарда долари.
Во фискалната 2016 година Shazam забележа приходи од 54 милиони американски долари, што е позитивна промена во однос на загубите забележани во текот на фискалните 2014 и 2015 година.