Паметните часовници во Русија може да се третираат како специјални технички уреди чиј увоз на територијата на Руската Федерација е ограничен, доколку нивната функционалност дозволува скриено фотографирање и снимање видео содржини, посочија руските царински власти.
Пратеникот Антон Горелкин побара од агенцијата за безбедност ФСБ и Федералната царинска служба појаснување дали увозот во Русија и купувањето часовници со вградени камери ќе се смета за легално.
Царината одговори дека во специјални технички средства дизајнирани за тајно собирање информациии се вклучуваат и уреди во кои намерно се вградуваат карактеристики што овозможуваат собирање на класифицирани податоци.
Уредот, како што велат од руската царина, не се смета за „шпионски“ доколку функциите за фотографирање и снимање на видео материјали се стандардно наведени во брошурата за производот, леќата на вградената камера не е скриена и има елементи на екранот кои го покажуваат методот на снимање.
„Така, според Федералната царинска служба на Русија, можноста за класифицирање на паметните часовници како специјални технички средства зависи од вградената функционалност и техничките карактеристики на одреден модел Ако функционалноста и техничките карактеристики на паметните часовници одат во насока на нивно калсифицирање како посебни технички средства, увозот на таквите уреди за лична употреба од страна на поеднци е забранет, вклучително и нарачката преку странски интернет-страници“, објаснува руската царина.
Горелкин, пак, има забелешка на ваквите параметри на царината, со објаснување дека еден ист производител може да произведува и легални и нелегални паметни часовници според ваквата класификација.
Претходно, во руските медиуми се појави информација дека камера може да се појави во следната серија на паметни часовници од Apple.