Веќе со децении астрономите и физичарите теоретизираа за тоа како универзумот е исполнет со „егзотичен“ материјал наречен „темна материја“ што го објаснува чудното гравитациско однесување на галаксиите и групите галаксии.
Темната материја, според математичките модели, сочинува три четвртини од вкупната материја во универзумот. Сепак, ова никогаш не било видено, ниту објаснето во целост. И додека постоењето на темна материја стана преовладувачка теорија што објаснува една од поголемите мистерии на универзумот, некои научници бараат алтернативно објаснување за однесувањето на галаксиите.
Сега меѓународен тим научници вели дека открил нови докази дека темната материја можеби воопшто не постои, пренесува NBC News.
Во студијата објавена во Astrophysical Journal, научните извештаи за мали отстапувања во орбиталната брзина на далечните sвезди доведуваат до еден заклучок – темната материја воопшто не постои.
Во тој случај, чистата математика веројатно би можела да објасни зошто галаксиите се однесуваат како што се однесуваат, изјави Стејси Мего, кој е шеф на одделот за астрономија на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв во Кливленд.
Ново истражување сугерира дека знаците на слаба гравитациска плима, познат како „ефект на вселената“, може статистички да се забележат при орбитална брзина на ѕвездите во повеќе од 150 галаксии. Авторите на студијата велат дека овој ефект не може да се објасни со теориите на темната материја, но може да се објасни со изменетата теорија за динамиката на Њутн, MOND.
Њутн ја темели неговата теорија дека предметите се привлекуваат едни со други со сила што варира во зависност од нивната маса, врз основа на набљудувањата на орбитите на планетите. Со подобрувања во теориите на Ајнштајн во 20 век, теоријата на Њутн е сè уште неверојатно точна.
Формулацијата MOND беше дополнително формулирана во 80-тите години од страна на израелскиот физичар Мордехај Милгром, со цел да се објасни забележаната девијација без темна материја.
Тој вели дека гравитацијата предизвикува мало забрзување, на толку ниски нивоа што може да се види само во објекти со големина на галаксија. Ова би значело дека не е потребно објаснување на темната материја.
Досега, MOND „преживеа“ неколку научни тестови, но повеќето истражувачи сепак ја фаворизираат теоријата дека има темна материја. Останува да видиме дали оваа теорија ќе ја промени „научната клима“.
Извор: B92.net