Поради пандемијата на коронавирусот, што предизвика откажување на бројни технолошки конференции и саеми ширум светот во 2020 година, CES 2021 ќе се одржи целосно во виртуелен облик.
Со години, почетокот на јануари е врзан за најголемиот саем за технологија – CES во Лас Вегас. Токму тука најголемите технолошки компании се рамо до рамо до стартапите, а главната цел на сите им е да ги претстават своите нови технологии, уреди, но и да пронајдат нови партнери. Тие неколку дена во Лас Вегас се собираа илјадници луѓе од целиот свет, но не и оваа година.
Поради пандемијата на коронавирусот, што предизвика откажување на бројни технолошки конференции и саеми ширум светот во 2020 година, CES 2021 ќе се одржи целосно во виртуелен облик. Ова значи дека 54. CES ќе биде во целост различен од она на што сме навикнати. Дали ќе биде подобар или полош, останува да видиме, но според најавите ќе биде многу интересен..
„Целосно дигиталното искуство ќе ги поврзе изложувачите, потрошувачите, мислителите и медиумите од целиот свет. Новиот формат ќе им овозможи на учесниците да слушнат што имаат да кажат технолошките иноватори, да ја видат најновата технологија и производи и да комуницираат со глобалните брендови и стартапи од целиот свет, се вели во официјалната најава за CES 2021.
Но, што точно можеме да очекуваме од 11-14 јануари? Повеќето големи компании кои имаат нешто да покажат, ќе го сторат тоа на еден вид виртуелна презентација во текот на тие денови. Од нови паметни телефони, телевизори, паметни домашни апарати, до најновите изуми што можат да го променат светот во иднина.
Еден од најинтересните делови сигурно ќе бидат гостинските предавања на најпознатите луѓе од технолошкиот сектор. Шефот на Verizon, Ханс Вестберг ќе зборува за 5G технологијата 5G, Гери Шапиро и Карен Чупка од организацискиот одбор на CES ќе debatiraat за новите технолошки трендови што нè очекуваат, Мери Бара од General Motors ќе говори за тоа што ја чека автомобилската индустрија во иднина, додека Лиза Су од AMD ќе ја презентира визијата на AMD за иднината (која вклучува бројни иновации во областа на гејмингот и графиката).
Не треба да го заборавиме ни претседателот на Microsoft, Бред Смит, кој ќе зборува за лицемерието на технологијата – неверојатна алатка за придвижување на човештвото, но и алатка што може да ги уништи демократиите и да ги загрози човековите права. Во светло на неодамнешните случувања во САД, сигурно ќе биде интересно да се слушне што има да каже Дамиен Киран, главен и одговорен за прашањето на приватноста на Twitter.
Што се однесува до претставувањето на нови уреди, на CES се најавени 1950 изложувачи. Од најпознатите како Asus, Lenovo, LG, Microsoft, Nvidia, Panasonic, Philips, Samsung, Sony и многу други, до оние кои го бараат своето место на светскиот пазар. Целосната листа можете да ја пронајдете на официјалната веб-страница на CES, а најинтересните настани ќе ги следиме и на USB.mk.