Научниците во Малезија пронашле начин лисјата од ананас да ги претворат во доволно цврст материјал од кој може да се направи скелет за дронови.
Професорот Мохамед Тарик Хамид Султан од Универзитетот Путра за Ројтерс изјави дека беспилотните летала направени од биокомпозитен материјал имаат подобар однос на цврстината и тежина во споредба со синтетичките влакна од кои обично се прават скелетите на дроновите. Овој нов материјал е полесен, но и поевтин.
Оштетениот скелет на дронот може да се закопа во земјата, каде ќе се распадне за помалку од две недели. Прототипите направени од овој биокомпозитен материјал веќе летаа 1.000 метри, а во воздух можат да останат 20 минути. Научниците сега сакаат да направат поголеми дронови кои можат да носат поголем товар, како различните сензори за употреба во земјоделството.
Проектот почна во 2017 година со цел да се најде одржлива употреба на отпадот од ананас. Фармерите често ги согоруваат или фрлаат лисја по бербата на ананас, а тоа резултира со загадување на воздухот. Продажбата на отпадот, наместо согорување ќе ги зголеми приходите, а истовремено ќе ја заштити животната средина.