Јапонците навистина знаат да воодушеват со креативноста и да си го олеснат и разубават животот.
Не е потребно многу за да се заклучи дека Јапонија е светлосни години пред нас. Нивните изуми постојано го восхитуваат светот. Од специјални камиони за селидба до чадори што ја менуваат бојата, погледнете дел од нив:
1. Не постојат канти за цигари затоа што Јапонците не го сакаат мирисот на тутунот. Ако пушите на јавно место, полицаец ќе ви понуди специјално ќесе за отпадоци.
2. Имаат чоколади во форма на вселенски тела.
3. Во некои лифтови имаат копче кое сигнализира ако врне надвор.
4. Дури и капаците на шахтите се вистинско уметничко дело во Јапонија.
5. Имаат зоолошка градина во која можете да се „ракувате“ со видра.
6. Пресладок јапонски дрон е испратен во вселената, тој ги фотографира астронаутите и нивната околина.
7. Имаат авион покриен со илустрации од Покемон.
8. Измислија камиони за селидба со специјален механизам за отворање од страна за полесно да се складира мебелот.
9. Во женските тоалети има копче за звуци бидејќи Јапонките се многу срамежливи.
10. Кога врне некои чадори ја менуваат бојата или на нив се појавуваат цртежи.
11. Имаат метални столбови за забавување на велосипедистите кои возат пребрзо.
12. Јапонските научници имаат справа која ја контролира силата на мускулите и го прави телото помоќно.
13. Имаат фрижидер кој доаѓа кога сопственикот ќе го повика.
14. Речиси сите гуми за џвакање во Јапонија се продаваат со мали салфетки за во нив да ја фрлите гумата по џвакањето.
15. Имаат телефонска говорница што служи како аквариум.
Извор: Crnobelo.com