Нема индикации дека новиот вид на коронавирус може да влијае на имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината на компанијата „Синофарм“, која штотуку доби лиценца за употреба во Кина, објави Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.
Вакцината за коронавирус, развиена од Синофарм, вчера доби дозвола за употреба од кинеските власти, еден ден откако во земјата беше потврден првиот случај на новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија.
Кинескиот центар за контрола и превенција на болести посочува дека нема причина за паника и дека новооткриениот мутиран вид не покажува разлики во однос на неговата способност да предизвика болест, пренесува Ројтерс.
Досега не е забележано дека мутациите во вирусот корона имаат влијание врз имунолошкиот одговор предизвикан од вакцината, забележува Центарот.
Поврзани артикли