Студијата испитувала каде и кога други интелигентни облици на живот можеби живееле или се уште живеат.
Неодамна објавениот истражувачки труд проценува дека оптималната временска рамка за развој на вонземски цивилизации се случила околу 8 милијарди години по формирањето на Млечниот пат и дека таквите цивилизации се повеќе од веројатно веќе самоуништени.
Студијата испитувала каде и кога други интелигентни облици на живот можеби живееле или се уште живеат.
Истражувачите во зеле во обзир низа фактори кои би влијаеле на развојот на вонземски облик на живот, како што е зачестеноста на радијација што ја емитуваат ѕвездените експлозии, времето потребно за развој на интелигентен живот и потенцијалната тенденција таквите цивилизации да се самоуништат.
Креирајќи модел, тие утврдиле дека интелигентниот живот најверојатно може да се појавил 8 милијарди години по формирањето на Млечниот Пат, напомнувајќи дека таквиот живот се наоѓал околу 13.000 светлосни години од галактичкиот центар.
Само за споредба, Земјата се наоѓа околу 25.000 светлосни години од галактичкиот центар.
„Можно е интелигентниот облик на живот негде во галаксијата да е уште премлад за да го забележиме“, заклучуваат научниците во студијата.
Меѓутоа, истражувачите откриле дека потенцијалот на самоуништување исклучително влијаел на количината на галактичкиот интелигентен облик на живот. Токму затоа научниците мислат дека доколку постојат интелигентни суштества тие веројатно ќе се самоуништат.
Истражувачите сугерираат дека таквото самоуништување би можело да биде резултат од војна, климатски промени или развој на биотехнологија.
Новата студија чека рецезнија, а се појави откако тим научници од Универзитетот во Нотингем оцени дека на Млечниот Пат постојат 36 комуникациско интелигентни вонземски цивилизации.
Извор: B92.net