Microsoft ја објави опцијата за управување со лозинки (password manager), кој сега е достапен за iOS и Android, како и за Google Chrome и Microsoft Edge. До новата алатка може да се пристапи како preview во рамките на постоечката Authenticator апликација на Microsoft.
Новата password management функција на компанијата ќе нуди можност за автоматско пополнување (autofill), како другите апликации за управување со лозинките. Овие лозинки ќе бидат синхронизирани на мобилните и десктоп уреди.
За користење на новата аплатка за управување со лозинките, ќе биде потребен Microsoft сметка. За да се вклучи функцијата, потребно е да се влезе во подесувањата на Authenticator апликацијата, потоа во бета секцијата и autofill. По вклучувањето на функцијата, апликацијата ќе почне автоматски да ги уфрла лозинките кои ги сочувал корисникот.
Microsoft Authenticator апликацијата го поддржува iOS 12 и поновите верзии, како и Android 6 и поновите верзии. Опцијата моментно не е достапна за деловните корисници.
Поврзани артикли