Според неодамнешните извештаи, се ближи објавата на Xiaomi Mi 11 и Xiaomi 11 Pro, така што се појавуваат се повеќе детали за нив. Овој пат, дојавувачот Digital Chat Station го објави 3C сертификацискиот листинг за батеријата, откривајќи го капацитетот и технологијата на полнење.
Листингот укажува на 2485mAh и 2390mAh батерии за Mi 11 Pro и Mi 11. Меѓутоа, се сугерира дека овие бројки укажуваат на само една ќелија за секоја од батериите. Xiaomi веројатно ќе овозможи поддршка за 55W брзо полнење, кое бара батеријата да биде поделена на две ќелии. Поради тоа, вистинскиот капацитет на овие батерии би требало да изнесува 4970mAh и 4780mAh, со типичен капацитет од околу 5000mAh.
Дојавувачот сугерира дека со актуелните конфигурации, двата телефона ќе бидат во можност да ја наполнат батеријата од 0 до 100 проценти за само 35 минути.
Тука се и новите рендери на куќиштата на телефоните, а сугерираат дека M11 ќе има три камери на задната страна, сместени во четвртест камера модул. Pro верзијата на телефонот ќе има камера систем со правоаголен облик, во кој се сместени четири камери, од кои една е перископ сензор.
Поврзани артикли