Познато е на кој принцип ќе делува Оксфордската вакцина против коронавирусот.
Резултатите од тестирањето на вакцината против коронавирусот од Универзитетот Оксфорд и компанијата „АстраЗенека“, покажале како вакцината може да има значајна делотворност во борбата против коронавирусот.
Според последните информации, резултатите од тестирањето на Оксфордската вакцина покажале дека таа вакцина ќе има 70 отсто делотворност во борбата против коронавирусот. Сепак, научниците од Оксфорд истакнале дека вакцината, доколку се користи во помали дози може да достигне ефикасност и до 90 отсто.
Со оглед на тоа што познати се и останатите детали, кога станува збор за складирање на самата вакцина и нејзината дистрибуција, се поставува прашањето на кој принцип треба да функционира истата.
Како што навеле, Оксфордската вакцина со име „ChadOx“ направена е од генетски модифициран вирус кој што предизвикува – настинка кај шимпанзата. Меѓутоа, кога станува збор за ефикасноста против коронавирусот, научниците од Оксфорд го прилагодиле тој вирус, ја измениле неговата структура и ја приближиле до структурата на коронавирусот.
Со оглед на тоа дали изменетата структура на вирусот на настинка е слична на структурата на коронавирусот, телото при вбризгување на вакцината ќе препознае за кој вирус станува збор и ќе почне да произведува антитела и Т-клетки за кои што многумина велат дека се клучни во одбрана од коронавирусот.
Како што навеле од Оксфорд и фирмата „Астра Зенека“, по вакцинацијата, доколку луѓето дојдат во контакт со коронавирусот телото повеќе нема да има никаков проблем кога станува збор за одбрана од вирусот.
Извор: Srbija Danas