Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведувањето нови технологии, креираше производ, Garmin Pay, кој овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, со што стана и прва банка на пазарот што воведува плаќање со паметен часовник.
Со Garmin Pay нема потреба да носите телефон, паричник, картички или готовина. Оваа услуга е создадена за луѓе што секогаш се во движење и овозможува и во ситуации кога ќе го заборавите или едноставно ќе го оставите својот паричник или банковна картичка дома, сепак да можете да ги извршите сите набавки и плаќања.
Сопствениците на Mastercard картички издадени од Халкбанк, преку апликацијата Garmin Connect можат едноставно да ги дигитализираат своите картички и да го активираат Garmin Pay. Со успешно дигитализирање, се овозможува брзо и едноставно плаќање користејќи го единствено вашиот паметен часовник Garmin.
Услугата Garmin Pay е достапна на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. Внесете ја вашата лозинка, изберете ја картичката со која сакате да направите плаќање и потоа држете го вашиот часовник близу читачот на ПОС терминалот. Плаќањето е извршено и можете да продолжите со своите активности.