Брзините на полнење на телефоните во текот на последните години забележаа значаен напредок, па така од 30W и 40W брзините од 2018. година, сега сме веќе на 120W. Ова значи дека телефоните е можно да се наполнат за помалку од 30 минути во некои случаи.
Дојавувачот Digital Chat Station тврди дека во текот на 2021. година ќе видиме уште поголеми брзини на полнење на телефоните. Според неговите наводи, системите на полнење од 200W+ би можеле да станат достапни од следната година.
Полнењето од 120Hz веќе нуди исклучителни резултати, па така 4500mAh батеријата на Xiaomi Mi 10 Ultra се полни за 21 минута.
Секако, ова со себе носи и недостатоци, како што е греењето на телефонот, а се поставува и прашањето на деградирање на батеријата при овие брзини. Компанијата Oppo откри разочарувачка статистика по прашањето на деградирање на батеријата во случај на своето 125W решение за полнење.