Експертите, но и лаиците ширум светот со векови се прашуваат – како Египјаните ги направиле пирамидите?
Постојат многу теории, од кои некои повеќе, а некои помалку веројатни, но новото откритие на архолозите многу помага во одговорот.
Северно од Луксор, археолозите пронашле околу 4.500 година стара рампа за која се претпоставува дека е користена за префрлање на камени блокови од каменоломите на местото каде би требало да се направи пирамида.
Секретарот на Министерството за антиквитети во Египет, Мустафа Вазири изјави дека алабастер се користел за изработка на статуите, иако варовникот бил основниот материјал за градење на пирамидите.
Ова важно откритие, смета тој, е прв доказ што ни говори на кој начин тешките блокови биле преместувани од каменоломите.
„Системот се состои од рампа во средина и две групи скалила на страна, со дупки за столбови“, рече еден од археолозите кои го открија уредот.
Заедно со рампата пронајдени се натписи во кои се споменува доаѓањето на фараонот на тоа место, како и камени „колиби“ во кои живееле работниците, пренесува Business Insider.
Сè уште не е познато како тешките варовнички блокови биле качувани во висина по пирамидите, но можеби составот на рампата ќе даде барем дел од одговорот и на тоа прашање.
Извор: B92.net