Воената академија „С. М. Буѓони” на Корпусот за врски патентираше нов метод за маскирање на подвижни објекти со копнено базирање против откривање од радарските сателити на потенцијалниот непријател. Таква информација беше објавена на веб-страницата на „Роспатент“, пишува РИА „Новости“.
Камуфлажата ќе се обезбеди со помош на специјален аеросол, распрскан по мобилните објекти. Добиениот „облак“ би требало да ги блокира сателитските сигнали.
Во патентот не се прецизирани имено кои мобилни објекти можат да се маскираат на овој начин. Станува збор за мобилни комплекси со интерконтинентални балистички ракети, појаснува „Росијскаја газета“.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли