Во последната бета на Android 8.1 се појави функција која посочува кои апликации трошат особено многу енергија и соодветно ја намалуваат автономната работа на смартфонот.
Причината за ова е дека многу апликации постојано бараат од телефонот различни информации и на тој начин го спречуваат влегувањето на целиот систем во режим со помала потрошувачка на енергија. Крајниот резултат е многу брзо трожење на батеријата.
Секако многу производители одамна нудат слични апликации, а смартфоните на голем број компании како „Samsung“ и „Huawei“ содржат таква функција со години наназад.
Но, сега „Google“ е директно вклучен во борбата со овие апликации, кои не ги почитуваат правилата и тоа го прави на ниво оперативен систем. Во моментов не е јасно дали оваа функционалност ќе биде дел и од јавната верзија на Android 8.1, но се гледа дека развивачите на Android конечно го зеле при срце еден од најсериозните проблеми на корисниците во последно време.
Се разбира, додавањето на функцијата во Android не мора да значи дека таа ќе биде имплементирана од производителите на уреди, но се надеваме дека тоа ќе се случи.