Aвтомобилската компанија „Fisker Automotive“ која конкурира на пазарот на електрични возила со изработката на EMotion, поднесе патент за нова технологија за батерии кои ќе се користат во нивните автомобили, а кои ќе може за минута да обезбедат полнеж за да поминете над 800 километри. Според компанијата, таквите електрични возила може да бидат на патиштата уште во 2024 година.
Иако Fisker е внимателен во споделувањето на деталите за технологијата која може да го разниша пазарот на електрични возила, компанијата сè уште не открива детали за тоа за каков пронајдок станува збор. Новата технологија за складирање на електрична енергија ќе овозможи создавање на полупроводнички (статички) батерии, кои ќе имаат многу повеќе површина од постојните рамни тенки полупроводници. Новата технологија, исто така, овозможува поголема спроводливост со што батериите можат да работат подобро на ладно време.
Бидејќи воведувањето на новата технологија на пазарот е комплицирана од „Fisker“ велат дека технологијата е малку веројатно да се користи пред 2024 година.